Италијанецот Ренцо Стучи одлучил да си го оствари детскиот сон кој сме го имале многумина додека сме растеле. Тој проектирал модерна куќичка на дрво и тоа во бајковитиот тоскански регион. Куќата по име La Piantata има сè што е потребно за удобен престој. Сместена е на висина од осум метри над земјата и има спирални дрвени скали кои водат до мал балкон. Во близина на куќата, сопствениците имаат градина во која расте лаванда, како и сопствено производство на маслиново масло. Место различно од типичните вили и апартмани за изнајмување, место измислено за бегство од реалноста и уживање во одмор и релаксација.