Кристијан Шмит е германски фотограф, многупати наградуван за неговиот фотографски талент да го улови вистинскиот пејзаж во вистинскиот момент. Подолу можете да погледнете негови фотографии од природата. Фотографиите се направени главно во Финска, но и во останатите скандинавски земји. Некогаш со снег, некогаш раззеленети, овие прекрасни пејзажи се вистински празник за очи. Скандинавија е регион кој претставува непресушна инспирација за уметниците, особено за фотографите.