Францускиот уметник Paul Sezanne е основоположник на модерната естетика во уметноста во која уметничкото дело претставува своевидна нова реалност која всушност и не постои во вистинската природа, а која и самиот уметник и не ни пробува да ја материјализира.
Со самиот факт што тој ја одвојува самата уметничка слика од природата, всушност Сезан покажал дека свеста за едно уметничко дело како посебна реалност претставува важна граница помеѓу старите и новите уметнички правци.
Низ игра на светлост и сенки, Сезан дава поголемо значење на самата структура на уметничкото дело. Природата за него има посебна вредност за разлика од импресионистите и реалистите.
“Сакав да ја копирам природата, но тоа никако не ми успеваше. Природата мора да претстави а никако да се прави нејзина репродукција. Таа се рефлектира, хармонизира и јас ја објективизирам и фиксирам на моите платна. Се чини дека јас сум таа субјективна свест, а моето платно е објективната свест. Кога сликам не мислам на ништо друго, само ги гледам боите кои што како да се редат сами по себе”, рекол Сезан.
Предметите и природата Сезан ги гледал од различни агли, за потоа сето ова да го пренесе на своите платна. За да ја долови вистинската природа тој не ја пресликува туку ја конструира на свој посебен начин.
Пејсажите и предметите ги разложува на основни геометриски облици на пр;коцки,топки,ваљаци,конуси. Поради ова тој се смета за претходник на кубизмот како тогашен нов правец во уметноста.