Модерната надградба на старата, камена куќа, резултираше со импресивна вила за одмор во преубавата Пула во Хрватска. Вилата Martinuzzi го има задржано препознатливиот, истарски изглед, но по реконструкцијата, каменот е во комбинација со нови и модерни материјали кои му даваат современа нота на екстериерот. Сместена е на изолирано место, во шума, а новите сопственици вложиле многу труд и љубов за да изгледа вака како што сега изгледа. Нивна желба била куќата да биде спој на старо и ново, во минималистички стил на ентериер со прави линии и акцент на сива и бела боја.
Дневната соба е со автентични камени ѕидови, а освен дневна, има и пет спални соби, како и четири бањи. Надвор од вилата има прекрасна градина со шармантни детали за вистинско уживање во природата наоколу. Близината на морето е уште еден важен фактор поради кој оваа вила е една од најпожелните вили за одмор на хрватското приморје.