Произведувачот на авиони Embraer, креираше авион од кој патниците можат да го гледаат ноќното небо, низ прозорите поставени на кровот од каде се гледа прекрасен поглед на небото. Самите прозори се со големина на стандардна врата, која можеме да ја видиме во комерцијалните авиони.
Почетната цена на овој луксузен авион “Kyoto Airship” изнесува 53 милиони долари.
Jay Beevera, потпретседателот на дизајнот на ентериерот, кажа дека веќе имаат потенцијален купец за “Kyoto Airship” – станува збор за јапонски бизнисмен кој сака да седи на подот на авионот и истовремено да се сонча.
Големите прозори ја зголемија и тежината на авионот и потрошувачката на горивото. Но доколку купувате авион од 53 милиони долари, потрошувачката на горивото е мала грижа. Авионот од 75 квадрати, со дневен простор и огромен кревет со туш за две личности, совршен е за тие кои не знаат што да прават со своите пари.