Не е тајна дека последниве неколку години во светот на чантите и торбичките, владее минималистичкиот стил, чисти линии, минимално метал, како и црната боја. Но за 2016 година, забележавме дека неколку нови трендови стануваат се популарни….погледнете кои:
Торбички на ланец
2016. година е година на торбички на ланец. Gucci Dionysus стана најбараниот модел во последниве неколку месеци. Но, вие не треба да потрошите богатство за да го набавите овој модел, туку изберете коцкаст модел со едноставен и чист облик а останатите украси и додатоци нека бидат минимални.
Реси,реси,реси….
Како што се чевлите со реси главен хит, така е и со чантите со реси. Не е важно на каква торба се и со која боја, ресите се оваа сезона хит!
CHLOE, Zara
Структуиран ранец
Ранците се хит веќе неколку сезони, и секоја трендесетерка ги поседува во својот гардеробер. Но оваа година се барани тие со чиста линија, структуирана форма и во пастелни бои.
Женствени чанти со рачки
Иако многумина ќе кажат дека овие торби се секогаш во мода, посебно се истакнуваат во оваа сезона, бидејќи стилот од 70 год. се врати. Одберете софистицирана, стриктуиран модел во неутрална боја и спремни сте да го владеете светот!
Saint Laurent Sac de Jour Satchel Bag
MИКРО ТОРБИЧКИ
Ова се сигурно најмалку функционалните торбичкии во вашиот плакар – но дефинитивно и најзабавните. Оваа сезона одберете микро тербичка во некои луди бои, кои инаку никогаш не би ги зеле во предвид.
ASOS, Michael Kors