За да се наруши монотонијата во домот е потребно барем едно парче мебел кое што ќе отскокнува од едноставноста и предвидливоста. Убедливо најдобар начин да се внесе весел дух во некоја просторија е нешто шарено.
Ламбите кои се дел од Elephant and Rose содржат многу бои и геометриски форми. Дизајнирани се и направени во едно мало студио во Австралија од страна на Jiah Harrison.
Изработени се од материјали како памук, дрво, метал и пластика. Едноставноста на постолјето наспроти шаренилото на платното создаваат ламба што привлекува внимание.