Денес решивме да ви прикажеме нешто што ќе ве наполни со љубов и ќе ви даде мотивација за убав почеток на неделата. Еден татко снимил кратко видео во кое танцува со својата шестгодишна ќеркичка на најновата песна од Џастин Тимберлејк, “Can’t stop the feeling”. Мало потсетување дека времето поминато со семејството е најважно, како и дека никогаш не треба да заборавиме на детето во себе, туку едноставно да се опуштиме и да уживаме во животот и во она што навистина нè прави среќни. Среќата е сепак во малите, секојдневни работи.