Со пристигнување на летото, време е својата летна торбичка за убавина и шминка да ја прилагодите со времето. Заборавете на тешката шминка која ја користевте минатите месеци и почнете да размислувате за полесни и транспарентни производи. Ова се 5 есенцијални производи кои треба да ги имате во својот летен несесер:
Крем со заштитен фактор – заштитете ја кожата и употребувајте го секој ден….
Долготрајна течна пудра……како што температурите и влагата растат во воздухот, ќе ви треба долготрајна и постојана пудра – доколку сакате нешто да сокриете на кожата….
Водоотпорна маскара…..не се размачкува на високите температури, вода или зноење…..
Камена пудра…..за да се задржи шминката преку цел ден, нанесете малку пудра во прав или камен – така шминката ќе делува поприродно и нема да се разлева преку лицето…..
Неутрални бои за усните….бирајте неутрални нијанси кои совршено одговараат на секоја летна облека а изгледаат свежо и одморно на усните….