Уметникот позади Velo Gioielli, како вистински фан на велосипедизмот и сè поврзано со него се занимава со изработување на накит и предмети од стари делови од велосипеди.
Започнал со алки, а продолжил со многу повеќе од тоа. Неупотребливите делови од стари велосипеди ги комбинира со витраж, полудраги камења, кристали и слични материјали.