Познатиот дизајнер ја збогати својата колекција наменета за невести, со прекрасни, свечени модели на чевли и шминка. Свадбената колекција се состои од нови модели на високи потпетици, лакови за нокти, како и нови нијанси на кармини. Во колекцијата се најдоа бели, мрежасти салонки, женствени и нежни невестински сандали и модели со кристали. Шминката е дополнение на секој невестински изглед, па тука се најдоа и нови нијанси на лакови, како и неутрални нијанси на хидратантни кармини.