Летото секогаш со себе ги носи дезените со принтови на егзотични животни, создавајќи ни чувство на возбуда и мирис на дивината. Така и оваа сезона дизајнерите акцентот го ставија на овој принт, кој добро оди со неутралните бои за елегантен изглед. Иако многумина го сметаат за премногу екстравагантен, внимавајте во комбинациите, во спротивно ефектот може да биде многу лош.