Прекрасни илустрации од Alex Noriega со наслов „Stuff No One Told Me“. Алекс не подучува на работите кој тој морал да ги научи сам, преку секојдневните лекции и предизвици кои животот ги нуди.
Разгледајте ги илустрациите и размислете, дали имате нешто да додадете?
Еден ден, ќе ти недостигаат сегашните денови.
Работите кои ни е најтешко да ги кажеме се најчесто оние најбитните.
Твоите месечни примања не ја одредуваат вредноста на твојата личност.
Пронајди ја личноста со која можеш да се смееш за се и останатото ќе биде во ред.
Имагинацијата е знак за огромна интелегенција.
Луѓето кои се трудат да изгледаат што повеќе недостапно и силно, се најчесто оние на кои најмногу им треба љубов.
Предметите се само предмети. Не се приврзувајте за нив.
„Здраво“ е најмоќниот збор против осаменоста.
Размислувањето премногу за некој проблем нема да го олесни неговото решавање.
Секогаш ќе има попривлечни и понепривлечни луѓе од тебе. Прифати го тоа и продолжи понатаму.
Биди во околина на луѓе и работи кои те инспирираат.
Проблемите на твоето семејство не мора да значи дека се твои.
Не се жали од животот само затоа што ја немаш куќата која долго време ја посакуваш или пак автомобилот на твоите соништа. Да се биде несреќен значи нешто друго…
Претерано анализирање често води до погрешен заклучок.
Предизвикај се себеси секој ден по малку.
Успехот е различна работа за секој човек. Почитувајте го тоа.
Никој не води евиденција за Вашите неуспеси. Опуштете се!