Креативната шпанска дизајнерка Alejandra Gandia-Blasco, го внесе авантуристичкото и слободно расположение во многу домови, со помош на сурферскиот тепих под името “Surf”. Станува збор за мала збирка на теписи кои можат да се претворат во клупи.
Дизајнираната колекција за GAN, е достапна во три модели: “Malibu Mediterranean”, “Malibu Atlantic” и “Surf Race Indico Red”. Секој модел може да се стави на под или да се крене како даска на талас. Со база од пластичен челик и лакирани MDF плочи, тепихот може да се направи и во комотна позиција за седење.