Обични илустрации можеби не прават добра фотографија која може да се најде на ѕид, но илустрации надополнети со вистински цвеќиња, потоа фотографирани и ставени во едноставна бела рамка вршат одлична работа.
Уметникот позади нив е Kari Herer, која најмногу сака да работи со мотиви од природата, најчесто животни и цвеќиња. Материјалот кој што таа го користи е хартија, на која црта нешто едноставно, а потоа му го дава конечниот облик со свежи цвеќиња. Процесот завршува со фотографија, која е испечатена со висок квалитет и врамена во убава рамка.
Производите на Kari се дел од Ikea.