Доколку сакате да вложите во само еден пар луксузни дизајнерски папучи, тогаш тоа нека бидат Hermès Oran. Елегантните папучи кои ги гледаме во колекциите на сите модни блогерки и трендсетерки, достапни се во 21 боја, а тие во кафената и црната варијанта – апсолутно владеат на модната сцена.
Варијанта на овие скапи папучи кои подеднакво совршено ќе се вклопат во вашата летна гардероба, пронајдовме и кај нас во Mango и Zara.