После 12 години од култната серија “Sex and the City”, Sarah Jessica Parker одлучи да открие неколку тајни од серијата, ексклузивно за магазинот Harper’s Bazaar.
Коктелите не беа вистински –
Сите бевме сигурни дека актерките го пијат коктелот Cosmopolitan, еден по друг, но сепак, се работело за обоена вода или сок од брусница. Виното, било заменето со сок од грозје, а шампањот со слодок пијалок, зачинет со ѓумбир.
Навистина ја изеле целата бранч храна –
“Cynthia Nixon (Miranda) и јас, секогаш јадевме се, без ралика дали беше јадењето ладно. Нас ни беше потребна таа фенси храна!
Big i Carrie, не требаа да завршат заедно –
Креаторот на серијата Darren Star неодамна изјави: ” Мислам дека серијата го смени своето почетно начело, а тоа е – дека жените не требаат да ја бараат својата најголема среќа во бракот. Не дека не смеат , туку дека не би требале. Но серијата отиде во друг правец на романтична комедија и тоа ги привлече жените најмногу. На крајот, серијата стана конвенционална романтична комедија.”
СЏП….Имаше во својот договор член за голотијата….
Можевте да забелижите дека Carrie, единаствена од 4 главни актерки, секогаш носеше градник во кревет. Причина за тоа е договорот кој беше потпишан. Sarah за тоа коментираше: “Не сакав да ги снимам сцените со голотијата, сексуалните играчки и вулгарен јазик – и навистина така беше. Carrie, можеби се бацуваше со многу фраери, но тоа е најдалеку каде отиде.
Cynthia Nixon e природна русокоса..
Cynthia ја обои својата коса во црвена, бидејќи нејзиниот лик во книгата на Candance Bushnell така изгледаше. А Carrie, требаше да биде црнокоса, но само 24 пред самото снимање на пилот епизодата, продуцентите го сменија мислењето.СЏП… ја задржи целата гардероба од снимањата …
Кога заврши серијата, Sara задржа за себе скоро 70% од гардеробата од серијата. “Задржав се за себе, што не беше дојдено директно од дизајнерите или што беше позајмено. Да, задржав скоро се!”
СЏП…носеше високи штикли 18 часа на ден….
Carrie обожуваше високи штикли, така да во една епизода кажа: “Потрошив 40 000 долари на чевли а немам каде да живеам! Јас сигурно ќе бидам една од оние стари моми кои ќе живеат во своите чевли!” И така СЏП носеше високи штикли 18 часа на ден..Оф леле….
Alec Baldwin.. требаше да ја глуми улогата на Matthew McConaughey.
Улогата на Matthewa McConaughey беше пишувана за Alec Baldwin – кој ја одби. Продуцентите му ја понудија улогата на George Clooney кој не можеше, беше зафатен, а потоа ги одби и Warren Beatty. За среќа, Matthew рече да! Станува збора за епизодата Бег од Њујорк!