„За вистински одмор, престојувај онаму каде не може никој да те најде”. Оваа изрека посебно ѝ одговара на прекрасната куќа за одмор која ви ја претставуваме денес. Куќата е дело на архитектите од студиото Patterson Associates и се наоѓа во спокоен дел на Нов Зеланд, и тоа на плажа изолирана од секојдневниот метеж. На местото на оваа плажа во минатото имало активен вулкан. Со оглед на тоа што локацијата е на висок, ридски предел, местото не е населено, па така скриена од светот, оваа вила нуди совршен одмор во секоја смисла на зборот. До неа се стигнува само со хеликоптер. Големите стакла напред овозможуваат поглед од соништата, а освен од стакло, целата куќа е изградена од материјали од локално потекло како дрво и камен. Токму изборот на природни суровини за изградба прави куќата совршено да се вклопува во средината наоколу. Уживајте во фотографиите.