Авантуристичките амбиции не’ водат во Јужна Америка.
Не постои истражувач кој не сака да ја посети убавата Јужна Америка. Чувството на слобода, топлото сонце и самата смисла за јужно-американската историја Ви отвораат сосема нови хоризонти кои мора да ги документирате во вашата меморија, преку објективот или доколку се ослободите од Вашите инхибиции, можете да ги претставите и на платно.
Еден белгиски фотограф после цела година патувајќи низ убавиците на Јужна Америка: Чиле, Аргентина, Боливија, Jan de Roos ја завршува својата авантура во Перу. Во тие 90 дена кои тој ги има резервирано посебно за Перу, фотографира хоризонти на Патагонија, за која вели дека е „најубавиот крај на светот“. Додека пешачи, тој ги документира скапоцените уникатни моменти, недостапните планини, шуми, океани и луѓето кои живеат во Патагонија.