Младата украинска уметница Kseniya Simonova користи една многу невообичаена и интересна техника на цртање. Таа своите уметнички дела ги прави со помош на песок.
Иако многу невообичаена техника, таа стана позната токму поради својата различност во изведбата на својата уметност. Идејата и визуелизацијата се двата основни елемента во анимацијата и преставување на истата.
Магазинот “Forbes” во 2014та година ја прогласи оваа професија меѓу десетте најинтересни професии во светот. Инаку Ксенија својата уметност за прв пат ја претставила во 2009 година со своето учество во познатото шоу “И јас имам талент”.
Погледнете ја оваа магија!