За новиот дуќан на Fendi во Гинза -Токио, јапонскиот уметник Azuma Makoto го претвори скутерот Piaggio APE во преслатка мобилна цвеќара. Посетителите на овој pop-up дуќан можат да купат цвеќе во “Flowerland“, винтиџ сккутерот кој е покриен со бујно зеленило и егзотични видови на цвеќе. Минијатурните стаклени вазни исполнети се со шарени орхидеи на кои има закачено Fendi крзнени пом-пом топчиња, лимитирани вреќички и големи букети.
Користејќи го италијанскиот скутер како дел од инсталацијата, Makoto одава почит на римските корени на Fendi, внесувајќи го наследството на брендот внатре во продажниот простор во Токио.