За пролетта 2016., Christian Louboutin инспирацијата ја најде во модата од 50-тите годинини на минатиот век. Кралот на црвените ѓонови, секогаш не остава без здив и во нас ја буди желбата да сонуваме барем еден пар од овие чевли. После секоја нова колекција, помислуваме дека нема шанса следната да му биде поубава, но сега тоа му успеа – стопроцентно!
Низ колекцијата се провлекуваат различни теми, а палетата е интригантна – елегантните пастелни, се комбинираат со земјени неутрални и неколку неонски бои. Има доста гламур, монистри и нов дизајн.