Со марамата како моден аксесоар секоја комбинација може да стане многу поинтересна и да добие наш личен печат.
Од главниот град на Ерменија доаѓаат овие марами изработени рачно и со многу љубов и внимание. Марамите се со различни мотиви, како на пример една од сликите на Ван Гог или пак, незаменливото дело „Малиот принц“.
Лицето позади ова парче уметност е Anna Soghomonyan. За неа уметноста не е само хоби, туку целиот нејзин живот. Нејзините марами се вистински успех во нејзината родна Ерменија, како и низ Русија.