За да се создаде уметничко дело не е потребно големо ателје или скап прибор. Со помош на едно обично пенкало и лист хартија Andrey Poletaev црта ремек-дела вредни за почит.
Самоукиот уметник специјализирал во создавање детални слики користејќи само пенкало. Тоа што го привлекува кај оваа техника на работа е нејзината пристапност. Секој од нас во некој период од животот држел пенкало в рака.
Иако грешките при овој начин на работа се трајни, а процесот на цртање одзема многу време, резултатот ја оправдува секој вложена минута.
Парадоксалноста во уметничките дела на Andrey е очигледна, од една страна ја имаме едноставноста на материјалите за работа, а од друга страна неверојатната комплексност на самиот процес на цртање.