WOW Air е авионската компанија која ова лето ќе запосли 4 лица, кои бесплатно ќе патуваат по светот и ќе објавуваат разни свои случувања на Snapchat, од јуни до август. Исландската компанија на своите “SnapTravelers” ќе им понуди 4 дестинации од можните 28, меѓу кои се наоѓаат Барселона, Рим, Аликанте, Гран Канариа, Тенерифе, Вашингтон, Лос Ангелес, Сан Франциско и многу други. Хотелите и пропратните активности, ги плаќа компанијата.
SnapTravelers ќе добијат и џепарлак за 3 до 8 дена, за кое време мора да објават минимално 2 вредни активности на Snapchat. Морате да имате повеќе од 18 години, добро да зборувате англиски и да бидете во добро физички и ментално здравје – други барања нема.
За да се пријавите за оваа работа, треба да креирате 2 минутна приказна на Snapchat и да ја пратите на слижбените страни на WOW Air до 8 мај, со лични податоци и e-mail адреса – Со среќа!