Доколку мислевте дека модата е резервирана само за младите луѓе, тогаш секако треба да погледнете во нашава галерија, за да дознаете дека не сте во право. Некои од нас знаат дека стилот не прашува за годините, но, на толку совршеана модна комбинација, сепак не се надевавме. Овие луѓе се дел од серијата на фотографии наречена “Advanced Style: Older and Wiser”, а човекот зад камери е Ari Seth Cohen. Ari го пропатува целиот свет за да докаже – да се има стил нема никаква врска со годините, туку исклучиво со ставот.
Сите овие модели на фотографиите, имаат над 60 години. Но, тоа не е главното што се истакнува на фотографиите, туку нивниот беспрекорен смисол за стил. Фотографот неодамна ја издаде книгата во која ги изложи своите најдобри фотографии.