Бонсаи, во буквален превод значи – мало стебло во сад. За неговото обликување и одржување потребно е многу повеќе од хортикултурната вештина, а најголем акцент е ставен на уметничкиот талент на самиот одгледувач. Основен принцип e, минијатурното стебло да ги има сите карактеристики на истиот вид во “нормалната” големина во природата.