Пастелните парчиња на облека, не се создадени само за девојчиња и млади девојки. Но, вистина е дека треба да се знае како се комбинираат и носат боите како пастелната лила, светло сината и жолтата боја – кои се исклучително женствени. Оваа сезона бледо-розевата и црната, се добитна комбинација. Кога купувате, изберете ги жолтите нијанси во кожни варијанти, бледата розе е идеална за бомбер јакните, а светло сината изгледа совршено во варијанта на брушена кожа.
Погледнете ги овие клучни пастелни парчиња, кои сигурно ќе ви послужат како инспирација за ултимативниот пролетен изглед!