Далечната 1946 година, поточно во април месец во италијанскиот град Фиренца е патентиран првиот скутер, односно легендарната веспа.
За многу кратко време , веспата станала препознатлив симбол на Италија. Откако нејзиниот творец Enrico Piaggo го констуираше првиот модел на веспа, набргу потоа биле продадени 18 милиони примероци ширум целиот свет.
Иако многумина се обидувале да го копираат дизајнот на веспата никој до ден денешен не успеал во тоа. Таа гордо стои на пиедесталот и останува синоним за стил.
За да ја одбележат успешната седум децениска успешна работа фабриката го пушти во продожба ново-констуираниот модел на веспа кој е наречен “Vespa Settantesimo”,која е готово идентична со оној модел од 1946 година.