Вашиот надворешен изглед, ја отсликува вашата прекрасна личност која се крие внатре. Иако, не ни треба тон облека за да изгледаме подобро, но одредени парчиња кои ни одговараат, итекако, можат да ни ја зголемат самодовербата и со самото тоа, да не направат попривлечни.
Одбравме клучни парчиња од облеката, за кои сметаме дека ќе го истакнат најубавото на вас и со кои ќе се чувствувате прекрасно!
Совршено кроен фустан секогаш е идеална опција. Можеби фустан во А крој е најдобар, бидејќи добро им прилега на сите, истовремено е едноставен и елегантен. И…никогаш не излегува од мода.
Едноставно е – штикли (високи или ниски пети), секогаш помагаат за добро држење на телото, ги издолжуваат нозете и ви даваат самодоверба.
Без разлика дали сте 36 или 46 конфекцијски број, парчињата кои се создадени по ваша мерка, секогаш ќе направат разлика. Не можете да згрешите со добар балонер или блејзер, зато што можат да ве стилизираат на многу начини и во ист момент ќе го поправат вашиот изглед. Што поедноставно, толку подобро.
Ако е вашата убавина е реченица, тогаш накитот е правилната интерпукција. Можеби ќе одберете мали дијамантски обетки или пак само еден сребрен ланец, накитот е секогаш суптилен начин како да го привлечете вниманието на себе.
Бои….Ако сонцето благо ве заруменело, носете бела маица. Ако сте со светол тен, изберете подлабоки бои. Темна кожа? Силните бои одлично ви прилегаат. И секако, чистотата на црната боја, на сите совршено им прилега.