За оваа тивка, повлечена убавица сме слушнале многу. За нејзината недопрена природа, за нејзините ниски температури, за хокејот, за културните жители и секако за убавите социјални услови за живот.
Фотографот кој се крие позади овие дела е Victor Aerden. Тој носи огромна одлука и се сели од малечката Белгија во огромната Канада, притоа искористувајќи ја шансата да го фотографира својот нов убав дом.
Од убави мистични планини, до густи шуми и кристално огледални води ја прават Канада место каде ќе си го пронајдеме внатрешниот глас и ќе се поврземе со природата.