Rebecca Szeto, која живее и работи во Сан Франциско, е авторката која стои зад овие оригинални и креативни дела. Имено, таа старите и искористени сликарски четки ги трансформира во ликови од познати уметнички слики и со тоа создава убавина и нешто ново кое повторно добива своја вредност. Ликовите се женски, од девојката со бисерна обетка на Вермер, до гејши, домаќинки, војвотки и други познати дами од уметноста, секоја со своја интересна приказна.