Прекрасното уметничко и архитектонско дело “Sea Organ”, што во превод значи морски оргули кое го краси хрватскиот град Задар, е дело на познатиот архитект Никола Башиќ. Тој го создал ова колосално дело со една единствена цел да вдахне живот во бетонските скали кои се протегаат покрај морето.
Овој музички насип бил изграден во 2005 година, за една година подоцна да ја добие највисоката награда која ја доделува Европската Унија за уредување на урбан јавен простор.
Музичките оргули се простираат во должина од околу 80м. Проеkтот бил реализиран во соработка со стручни експерти од областа на музиката, инжинерството, занаетчиството и др. Погледнете ја оваа рајска убавина.