Модната куќа Burberry ја претстави новата пролетно-летна колекција на декоративна козметика во која главен акцент е ставен на нежни и романтични нијанси. Кристофер Бејли ја сподели приказната со жените ширум светот, која се состои од низа нови производи: кармини, лакови, руменила и сл. во корални и розови нијанси. Посебно интересно е новото руменило кое истовремено е и осветлувач, а украсено е со срце и името на брендот. Заводливата колекција има и два типа на хидратантни кармини: Lip Velvet и Kisses, како и лакови за нокти во впечатливи, летни тонови.