Минијатурните пораки испишани на креативен и уникатен начин се дело на Dexa Muamar. Калиграфијата како јака страна и малите димензии како специјалност ги прават овие пораки единствени.
Пораките се напишани со обичен молив, навистина “old school”. За Dexa овие пораки се начин да го искаже своето мислење за светот околу себе. Ретко пораките кои ги испишува се мотивациони, најчесто се реални и според него, на тој начин имаат поголемо влијание.