Најновиот слаткарски хит кој ја освојоува њујоркшката гастрономска сцена, но и остатокот од светот изгледа како голема кристално чиста капка. Десертот го креираше самоукиот готвач Darren Wong инспириран од традиционалниот јапонски десерт Mizu Shingen Mochijom. Инаку, Wong е водител на стратешката агенција за дигитален маркетинг.
Овој десерт има многу малку шеќер и скоро нула калории. Вкусот не е негова главна страна. Клучните сосотојки за оваа чиста капка се изворската вода и агар – веганска замена за желатин. Велат дека е многу привлечно и единствено искуство. “Како прво изгледа навистина cool, потсетува на сцена од анимираниот филм “Животот на бубачките” каде пијат вода од листовите. Второ, текстурата е толку единствена, многу чувствителна и нежна, вели Wong.
Доколку сакате да го пробате овој десерт кој чини 8 долари, ќе го најдете на Smorgasberg пазарот во Brooklyn.