Понекогаш може да претставува вистински проблем изборот на вистинскиот парфем кој во потполност би ни одговарал на нашата личност и стил. Во тоа секако може да ни помогне моменталната популарност на некој парфем, што се разбира не мора да биде правило. Но, ако милиони дами го користат ширум светот, тој секако е добар парфем.
“Daisy Dream” на Marc Jacobs е елегантен, цветен парфем кој во истовреме е свеж и лесен, а може да го користите во текот на целата година.
Иако во продажба е излезен веќе една година, тој својата популарност ја достигна дури оваа пролет.
Неодолив во секој поглед, вклучувајќи ја и неговата амбалажа. Погледнете го.