Еден од најпознатите и најценети брендови на луксузни чевли и модни додатоци Jimmy Choo, оваа година слави 20 години на постоење. За да го прослават роденденот на специјален начин, брендот ја лансираше колекцијата под името “Memento”, која ексклузивно е достапна на Saks Fifth Avenue.
Прекрасната линија содржи неверојатни парчиња кои апсолутно ги обожуваме. Од диско шик платформи, па се до металик балетанки и украсени clutch торбици. Овие парчиња се единствени, безвременски и совршени за секој важен ден во вашиот живот – исто како и Jimmy Choo!