Ако сте љубители на уметноста и сликарството, сигурно ги познавате светски познатите уметнички слики од познатите сликари. Дали некогаш сте се запрашале во кој град можете да ја видите оригиналната верзија на вашата омилена слика? Овој интересен инфографик содржи кратки информации за тоа во кој музеј се наоѓаат сликите кои оставиле најголем и најзначен белег во светската уметност. За „Мона Лиза” на Да Винчи, е познато дека е изложена во Парискиот Лувр. „Герника” на Пикасо се наоѓа во музејот Reina Sofia во Мадрид, „Бакнежот” на Климт е во Австриската галерија Белведере во Виена, а „Ѕвездена ноќ” на единствениот Ван Гог е изложена во Музејот на современа уметност (MoMA) во Њујорк. За останатите погледнете во продолжение и инспирирајте се за следното ваше патување.