Алармот sвони – а вие притискате на Snooze, уште само 5 минути….потоа повторно sвонење….и така едно 5 – 6 пати , станувате и гледате дека доцните! Заборавете на шминкањето и доручекот, можеби само на брзина малку маскара во кола и едно енергетско колаче по пат…..
Ви звучи ли сето ова познато? Па како тогаш на вашиот грб да го додадете уште стресот и нервозата, и на крај, како човек да остане нормален и среќен во вакви ситуации? Среќен почеток на ден, обично значи и среќен завршеток!
Овие 4 работи треба да ги избегнувате за да се разбудите посреќни:
ДОЦНИ НОЌНИ ОБРОЦИ
Не јадете барем три часа пред одење во кревет – не – за овошјето, не – за јаткастите плодови, не – за зеленчукот. Ова нема никаква врска со вашите килограми ниту пак со слабеењето – доцните оброци значат, дека вашиот желудник мора уште долго да работи за да ја свари храната, заради што мозокот не може да се концентрира на тоа што би требало, а тоа е цврст сон. Имате навечер проблеми со желудникот? Ова, е причината за тоа.
SNOOZE
Големи се шансите ако еднаш притиснете snooze на телефонот, дека ќе притиснете на него уште неколку пати. Да поспиете уште 10 минуту после будењето е лошо по вас, ќе бидете уште заморени и збунети. Знаеме дека е тешко, но ова не правете го повеќе.
СОЦИЈАНИ МЕДИИ
Тргнете се од социјаните медии. Заради нив со часови ќе скролате и ќе барате неважни податоци а при тоа нема да забележите колку е часот – само на крај повеќе ќе доцните. Тие информации можат следното утро да ви создадат пртисок повеќе – дали другите се поуспешни и посреќни од вас во овој момент? Нема потреба да било кога го започнувате денот на ваков начин.
E – MAIL
Знаеме дека на задачите им нема крај…. постојано се зголемуваат, но и на e-mail -овите кои ви создаваат стрес. Токму и заради нив, имате чувство дека на обврските им нема крај. Подобро почекајте малку, уживајте неколку минути во малите работи во животот, пред да скокнете во тоа лудило.