На 13 Април во 20часот, во кафе книжарницата „Децата од нашата улица“ ќе биде отворена мултимедијалната изложба насловена како „Црвената Одајка“, на академската уметница Ана Марковска.
Мултимедијалната изложба насловена “Црвената одајка” е инспирирана од состојба на емоционално празнење на моето алтер его. Да бидам попрецизна, Мадам е сѐ она што не сум јас. Јас сум „обична невработена домаќинка“, завршив факултет ама се’ уште чекам на платата на својот сопруг за да си дозволам ситни задоволства, за разлика од Mадам која е финансиски независна од нејзиниот. Она што ми остави најголем впечаток е еден краток разговор со Мадам