Низ мистиката на модерната уметност, се до грациозноста на линеарната скулптура, повеќе од задоволство ни причинува да Ве запознаеме со работата на Маја Танева, скулптор од Скопје.
Склуптурите на Маја се издвојуваат од другите бидејќи и даваат живот на навидум мртвата форма. Металните жици се чини како да танцуваат во просторот, синхронизирано создавајќи една мисловна хиерархија, каде на секоја жица може да и се наѕирне од индивидуалноста.
Танева ни ги опиша жиците како сјајни линии кои ја претставуваат мислата, одлуката и енергијата која несомено ја зрачат во просторот.