Фотографиите на кои позира младата супер моделка Kendall Jenner за Vogue, ги направија Mario Testino (насловната) и Theo Wenner (едиторијалот).
Kendall можеме да ја видиме како јава на коњ, облечена од глава до пети во Marc Jacobs и седната, позира покрај дизајнерката Tory Burch, во шарен комплет со нејзин потпис.
Во интервјуто за Vogue, Kendall кажа за својата огромна популарност на социјалните мрежи, дека се уште не може да се навикне на толкав број на пријатели, затоа што тоа не е реален живот – појавувањето на овие мрежи за неа настанало спонтано и органски.