Оваа сабота е добар повод да се биде дел од природата, поточно во Градски Парк – точно во 10 часот кај Школка. Ќе се запрашате зошто, освен убавото сонце и пролетното време кој е големиот повод? Вилчек одамна кажал дека „во физиката не мора да вртите одоколу и да измислувате проблеми – природата го прави тоа за Вас“, а ние сме тука само да потврдиме дека „физиката е едноставна, физичарите не се“, како што вели Телер; така што Ве каниме на утрешната промоција на новата книга на Светислав Пауновиќ, Бранко Стевановиќ и Игор Коларов со наслов „Урнебесна Физика“ во издание на Полица.
Она што следува утре е наменето за сите развигорци и помлади извидници, но настанот е од отворен карактер. Освен „Урнебесната Физика“, дел од настанот ќе биде и „Џорџ и тајниот клуч на универзумот“, потпишана од Стивен и Луси Хокинг. Многу забава, многу експерименти и многу награди Ве очекуваат утре.
Под организација на First Scout Unit of Skopje и под покровителство на издавачка куќа Полица, ние само ќе Ви порачаме… БЕГАЈТЕ!!! Урнебесната Физика може да Ви го помати умот и да Ве натера сосема да се вљубите во неа!
Се гледаме утре во Парк!