Трогателна приказна за една млада девојка од Ирска која доаѓа да живее во Америка.
Еилиса (Серше Ронан) е млада имигрантка од Ирска која се сели во Америка- земјата на бескрајните можности. Носталгична по својата родна земја, Еилиса набрзо откако го менува местото на живеење се препушта на љубовна романса. Во сиот наплив на настаните кои ѝ се случуваат, нејзиното минато се вмешува во сегашноста. Таа е приморана да бира помеѓу топлиот и сигурен дом кај својата мајка во Ирска и новиот живот во Америка што ѝ изгледа толку привлечно.
Филмот беше номиниран на овогодинешното доделување на Оскарите, и тоа во категориите за најдобра актерка, најдобар филм и најдобро адаптирано сценарио. Според многумина, Ронан брилијантно ја одигра улогата на Еилиса, а самиот филм е драма која ќе ја памтите уште долго откако ќе ја гледате.
Премиерата на „Бруклин” пред македонската публика беше на 17 март, а продолжува да се прикажува како дел од редовниот репертоар на киното Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.