Асоцијација за спокој и рекреативност главно насочена кон интровертите кои во најголема мера и најубавиот сончев ден и најмрачниот дождлив ден ги перцепецираат поеднакво адекватни за шолја чај и добра книга е токму овој проект кој се реализираше во Канада минатиот ноември.
The Story Pod е продукт на архитектонското студио Atelier Kastelic Buffey по нивна дефиниција е компактна мобилна библиотека изработена од дрво и челик, дополнета со мек простор за седење, а сместена е во срцето на зеленилото на Главната улица во градчето Њумаркет во Торонто. Она што ја прави преубава и посакувана е токму нејзината идеја да ги повика сите вљубеници во книгите да уживаат надвор од дома, како и самото споделување како најдобар пример да се збогатат (малкуте) зелени површини и паркови низ светот. Затоа што, многу добро знаеме, не сме сите поеднакво наклонети кон спорт, исто како што не сме пасионирани тренд-сетери за да бидеме видени во најпопуларните кафе-тераси во градот.