Деликатните и убави предмети од природата, изработени од рециклирани и стари материјали се специјалност на Kate Kato. Kate е дизајнер и уметник од Бристол, која најмногу сака да ја користи хартијата како средство за креирање.
Најчесто инспирација наоѓа во секојдневното опкружување и природата околу неа, растенијата и инсектите. Нејзините дела секогаш се претставување на начинот на кој што таа сака да го гледа светот околу неа – во детали.
Повеќе за хартиените скулптури на Kate на Kasasagi.