Доколку сакате и покрај четирите ѕида околу вас да останете во допир со природата еден ваков терариум е вистинското решение. Ги изработуваат Inna & Alex Shultays, во Русија. Водени од принципите корисност, едноставност и трајност, создаваат предмети кои нè потсетуваат на важноста на нашето опкружување.
Стаклената кутија со уникатна геометрија исполнета со Вашето омилено цвеќе се вклопува совршено во секоја работна атмосфера.
Истите стаклени кутии можат да се пренаменат и како држачи за свеќи.