Доколку сакате да се споите со природата, а притоа да не го жртвувате луксузот на одморот или за време на викенд, сега можете да имате се, благодарејќи на овој проект кој го креираше белгиската компанија Trees and People.
Dom’Up е осмоаголна структура која е распната помеѓу две дрвја и го прави секое кампување вистинско доживување. Иновативната куќичка на дрво нема никакво влијание на околината – не остава траги по стеблата ниту на тлото после демонтажата.
Оваа куќа моќе да се постави за два дена, а се состои од челичен рам, композитен дрвен под и платнени sидови кои се отвараат зависно од тоа дали ви е потребна природна светлина или приватност. Структурата од 15 метри квадратни има водоотпорен дупли кров а опремена е и со цврста и сигурна мрежа.
Естетиката е едноставна и природна со нагласок на деталите кои придонесуваат да се наполните со енергија од природата.