Секако дека една од најпосакуваните работи во светот на модните уреднички е да добијат своја илустрација. Преку Instagram, кој е предводник во платформите за илустратори, на кои слободно можат да ја покажуваат својата работа, има поголем пристап на креативни умови кои се кријат зад познатите светски модни илустрации.
Тоа што е можеби и најинтересно, се разликите помеѓу уметниците кои на сопствен начин ги прикажуваат модните уредници. Овие илустратори имаат голема креативна слобода за разлика од фотографите. Тие ни ја покажуваат и другата страна (на модните уреднички на светските магазини), кои можеби не би ја забележиле – затоа сме им благодарни!